Ова е зацртано во националната стратегија за борба против кариесот кај децата. Македонија е единствена земја во регионот која започна да спроведува програма за профилакса на  кариес.

Преставници од Министерството  за здравство и координативното тело за спроведување на националната стратегија за профилакса на кариес кај  децата од 0 до 12 години  одржаа работна средба со претседателот на фондацијата Боров.

Стратегијата започна да се приеменува од јануари 2008 година. Со неа е предвидено деца на возраст  0  до 12  години да  добиваат бесплатно, чаша флуоризирано  млеко за време на нивниот престој  во училиште или детската установа вели Бранко Милошески раководител на сектрот за стоматологија при  Министерството  за здравство. Владината стратегија финансиски е подржана од Светската здравствена организација и од англиската  Фондација Боров.Претседателот на фондацијата, Најџел Боров искажа задоволство што може да помогнат во подобрување на оралното здравје кај децата.

Професор Миле Царчев, член на националното    координативно тело за орално здравје истакна дека флуаризацијата е само дел од стратегијата.Примарна превентивна мерка е и залевањето на фистулите.Со неа во 70 посто е редуциран кариесот кај трајните заби на децата до 12 години. Во Македонија во превенцијата и контролата на кариесот како и во надгледувањето на проектот ќе бидат вклучени  220 превентивни тимови на стоматолози.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: