Баросо бара брза одлука за Лисабонскиот договор

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо побара вчера во Виена брза и конечна одлука за Лисабонскиот договор.

 |  Крсте Голабовски  | 
Jose Manuel Barosso
Жозе Мануел Баросо

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо побара вчера во Виена брза и конечна одлука за Лисабонскиот договор.

dogovorТој изјави дека за идниот состав Еврокомисијата ќе одлучи дури кога ќе биде се јасно околу Лисабонскиот договор.
– Дури кога ќе се знае дали Лисабонскиот договор ќе стапи во сила, или ќе дојде до преоден период, ќе биде можно да се одлучи за составот на ЕК, наведе Баросо.
Тој прецизираше дека доколку ЕК се одредува според Лисабонскиот договор, тогаш сите земји-членки на ЕУ мора да добијат место комесар, а доколку се применуваат критериумите од Ница би имало помалку комесари.
– Поради тоа инсистирам Чешка да пронајде решение, истакна тој, додавајќи дека е уверен оти Прага како последна земја-членка, сепак ќе го прифати Лисабонскиот договор.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top