Categories
Свет

Барак Обама во посета на Франција

Кандидатот на Демократската партија за претседателските избори во САД Барак Обама денеска ќе престојува во куса посета на Париз, каде ќе биде примен од претседателот Никола Саркози, соопшти Елисејската палата.

Кандидатот на Демократската партија за претседателските избори во САД Барак Обама денеска ќе престојува во куса посета на Париз, каде ќе биде примен од претседателот Никола Саркози, соопшти Елисејската палата. Иако тој во Франција ќе престојува само неколу часа, на посетата и се посветува големо внимание. Француските весници објавуваат резултати од истражувања на јавното мислење, кои ја докажуваат популарноста на демократскиот кандидат и сенатор од Илиноис меѓу Французите. Според анкетите 84 проценти од Французите го поддржуват Обама. Од Париз Обама ќе замине за Лондон.

Тој веќе ги посети Авганистан, Ирак, Јордан, Израел и палестинските територии. Обама вчера ентузијастично беше поздравен од 200 илјади граѓани во Берлин, каде одржа говор, во кој ја повика Европа да ги поддржи САД, бидејќи како што рече, „само заедно Американците и Европејците можат да обезбедат подобра иднина“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *