Categories
Свет

Авионска несреќа во Мадрид

Шпанскиот премиер Хосе Луис Родригес Сапатеро прогласи тридневна жалост по најтешката авионска несреќа во Шпанија во последните 25 години, при што загинаа 153 луѓе, а 19 се повредени.

Шпанскиот премиер Хосе Луис Родригес Сапатеро прогласи тридневна жалост по најтешката авионска несреќа во Шпанија во последните 25 години, при што загинаа 153 луѓе, а 19 се повредени.

Во авионот имало 172 патници и десет членови на екипажот. Како причина за несреќата се наведува експлзозијата во внатрешноста на авионот за време на полетувањето од пистата на мадридскиот аеродром „Барахас“.

Екипата вклучена во истрагата ја пронашла црната кутија во остатоците од авионот „МД-82“ на шпанската компанија „Спеинер“ (Spanair), кој при полетувањето излетал од пистата и се запали. Според очевидците се слулчила силна експлозија.
Во првичните извештаи се наведува дека за време на полетувањето избил пожар во еден од моторите на леталото. Локалните медиуми наведуваат дека пилотот пријавил проблеми со мерачот на температура. Портпаролот на „Спеинер“ Серџо Алард изјави дека авионот, стар 15 години, поминал на техничка контрола во јануари.

Авионот сообраќал на линија Мадрид – Лас Палмас на Канарските Острови.
Членовите на семејствата на загинатите од синоќа почнаа да пристигнуваат во Мадрид за идентификација на жртвите. Меѓу патниците имало и Германци, Швеѓани, Чилеанци и Колумбијци.
Изрази на сочувство до семејствата на загинатите испратиле лидерите на многу земји, меѓу кои Русија, Франција, Италија, Германија, Велика Британија и земјите од Јужна Америка.
Шпанскиот Олимписки комитет соопшти дека знамето на Шпанија во Пекинг ќе биде спуштено на половина копје.

„Спеинер“ е во сопственост на скандинавскиот авиопревозник САС, кој во моментот се соочува со финансиски потешкотии и наводно бара купувач. Во авиокомпанијата во тек е процес на намалување на персоналот за една третина, како и на бројот на летови.
Вчерашната авионска несреќа е најтешка во Шпанија од 1983 година, кога во несреќата на колумбискиот авион „Боинг 747“ загинаа 181 лице.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *