Анонимен богаташ дарува пари

Доброчинител остава траги кои водат до плика со пари

 |  инфодеск  | 

Пред неколку дена се појави приказна за непознат богаташ кој на улиците на Сан Франциско остава плика со пари, а сега му се придружил уште еден но сега во Велика Британија, кој на Твитер отворил профил под името Hidden Cash UK и на луѓето им остава траги кои ги водат до пликото со пари.

“Ја видов американската верзија на оваа кампања и помислив дека е тоа одлична идеја. Во добра позиција сум и секојдневно можам да дарувам пари. Одработив неколку добри работи во онлајн продажбата. Ова ми е поубаво отколку да ги трошам парите на себе”, рекол анонимниот 25 годишник.

Следната недела ќе оди во странство на работни состаноци, но неговиот тим од осум луѓе ќе ги остава пликата со пари ширум Велика Британија.

“Морам да патувам, но повикав група на луѓе кои ќе продолжат со ова. Не планирам да застанам. Моментално немам план колку пари ќе подарам”, раскажал за британскиот Telegraph.

Првото плико го пронашол електричарот Harry Mcaun во Лидс, а парите ќе ги потроши за вечера со својата девојка.

Доброчинителот од Сан Франциско сигурно е горд на својот британски колега бидејќи од почеток сакал неговиот проект да се прошири, и токму како и тој нема да престане со делење на пари: “Сакам да ја проширам приказната за ова што го правам и што сакам да направам. Не планирам да застанам. Би сакал ова да трае на неодредено време”, изјавил тој.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top