Вредноста на американскиот долар се спушти близу рекордното ниско ниво во однос на еврото и према јапонскиот јен. Вредноста на американскиот долар се спушти близу рекордното ниско ниво во однос на еврото и према јенот и е намалена под притисок на страв дека американските банки во извештаите од оваа недела ќе ги објават зголемените загуби, што би можело и понатаму да ја разниша довербата во американскиот финансиски систем.
Акциите во Европа исто така ослабеа потиснувајќи го ориентациониот индекс во овој регион на тригодишен минимум, кое е последица од падот на вредноста на акциите на банките и осигурителните куќи проследени со страв дека ќе мора да го зголемат капиталот поради успорувањето на стопанството и зголемувањето на загубите на кредитниот пазар.
Американската валута денес падна на 1,5931 према еврото, од вчерашните 1,5911 за евро, откако вчера во еден момент беше на рекорден минимум од 1,6038 према еврото. Доларот падна и на 104,07 јени, од вчерашните 104,73 јени, додека еврото поефтини на 165,54 јени, од 166,65.