Categories
Свет

Тина Каиданов амбасадор на САД на Косово

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс го именува првиот амбасадор на САД во Косово, пет месеци по декларацијата за негова независност.

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс го именува првиот амбасадор на САД во Косово, пет месеци по декларацијата за негова независност.

На заедничката прес-конференција во Вашингтон со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и премиерот Хашим Тачи, Рајс го најави назначувањето на специјалистот за Источна Европа Тина Каиданов за амбасадор на САД во Косово.

Над 40 држави го признаа Косово, а од тој број над две третини се земји-членки на ЕУ и НАТО, како и членови на Советот за безбедност на ОН. САД ќе продолжат да му помагаат на Косово во создавањето на мултиетничка Влада и демократски институции, додаде Рајс.
Откако на 17 февруари прогласи независност, Косово продолжува да бара овицијално признавање од неколку големи европски земји, меѓу кои и Србија и Шпанија, но и до големите светски сили Русија и Кина.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *