Шпанската полиција уапси девет луѓе под сомнение дека се поврзани со огранокот на Ал Каеда во земјите на Магреб. Шпанската полиција уапси девет луѓе под сомнение дека се поврзани со огранокот на Ал Каеда во земјите на Магреб.Во Аликанте уапсен е Камен Салхи, кој е осомничен дека е поврзан со огранокот на Ал Каеда во земјите на Магреб.
При претрес на неговиот дом откриени се десетици фалсифкувани договори за работа за имигранти од Северна Африка и банкарски документи кои покажуваат поврзаност со Ал Каеда во Магреб. Ал Каеда од Магреб ја презеде одговорноста за нападите во Алжир и за киднапирањето на странци во повеќето земји во Северна Африка.