Categories
Свет

Оваа година, пливачите рушат рекорди благодарение на НАСА

Оваа година, како никогаш досега, пливачите од целиот свет, рушат рекорди благодарение на НАСА

Некои ова им го препишуваат на преинтензивните тренинзи, како подготовките за овогодинешните Олимписки Игри во Пекинг. Други пак велат дека причина за тоа се новите костими за капење од иднината кои се тестирани во НАСА.

„Кога ќе нурнам во водата се чувствувам како ракета“ вели светскиот шампион во пливање Мајкл Фелпс во врска со новиот „Спидо“ коситим за капење. Фелпс кој има шест златни медали и две бронзени од последните Олимписки Игри во Атина, помогна во создавањето на оваа опрема за пливање. Според „Спидо“ оние пливачи кои го носеле припиениот костим за капење, „ЛЗР Тркачот“ имаат на своето конто 48 од 50 нови светски рекорди.

Истражувачот од НАСА , Стив Вилкинсон учествуваше во создавањето на овие футуристички костими за капење иако тој самиот вели дека нема некои познавања од пливањето.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *