Старите астрономи, некогаш верувале дека на месечината има вода и поради тоа на нејзините рамнини им дале имиња на мориња.

Но, модерните астрономи открија дека тоа се безживотни рамници, на кои нема ни трага од компонентата неопходна за постанок на животот.

Сепак последните истражувања, раѓаат надеж кај денешните астрономи, дека сепак вода на Месечината може да се најде на нејзините полови.

Според една теорија се верува дека месечината настанала кога објект со димензии колку планетата Марс удрил во младата Земја пред 4,5 милијарди години, од кој делови останале околу орбитата на нашата планета и ја формирале денешната Месечина. Од ударот дошло до кондензација и појава на водена пареа, па научницте се надеваат дека одредени траги од истата може да се најдат на половите на нашиот сателит.

Со цел да откријат повеќе, астрономите на НАСА ќе испратат уште еден лунарен модул, некаде во Ноември оваа година, со цел да открие дали навистина има остатоци од мраз на половите. Евентуалното откритие на вода на Месечината би можело да значи појдовна точка за колонизација на нашиот природен сателит.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: