Categories
Струга

Нема зима за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко

Откако ДУИ стана дел од новата влада, градоначалникот на Струга со одврзани раце ќе работи, во преостанатиот период од неговиот мандат.

Сега кога ДУИ и официјално е дел од власта,   првиот човек на Струга се почувствува моќен, да ги реализира започнатите недовршени проекти. Дваесетина месеци бевме попречувани  да инвестираме во Струга. Пропуштивме многу значајни проекти, кои пред се беа од интерес на градот и граѓаните, вели градоначалникот Рамиз Мерко. Првиот впечаток по формирањето на новата влада, сигнализира дека во иднина соработката со централната власт ќе биде  на високо ниво, додава тој.

„Не само со министерите од ДУИ туку и со оние од ВМРО ДПМНЕ веќе сме во контакт. Сите ни дадоа надеж дека ќе соработуваме и дека ќе ни подржат многу проекти“, истакна Рамиз Мерко.

Тој  дека во иднина приоритет ќе им биде  решавање на спорот за сопственоста на плажите,  како и изнаоѓање трајно решение за градската депонија. Се надева,  дека за брзо време престои и остварување на неколку инфраструктурни проекти.
Тоа што ДУИ е дел од владата,  кај градоначалникот постои голем оптимизам, дека  му престои  уште еден  мандат.

„Од три години, две поминаа во лоша комуникација со централната власт, тоа всушност остави и белег на нашата работа“, вели Мерко. „Важно е што најголемиот проблем,  со долгот на општината веќе е решен,  а проектите кои останаа недовршени ќе ги реализираме во наредниот мандат“, додава тој

Мерко потенцира дека пред се,  во преостанатиот период од половина година, ќе се потруди да ги реши проблемите кои го гушат градот. Се надева дека наредниот мандат ќе му послужи Струга да ја претвори во светска-туристичка метропола.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *