Categories
Струга

Вработен во фондот за здравство во Струга е осомничен за кривично дело –мито

Вработен во фондот за здравство во Струга е осомничен за кривично дело –мито. Тој на шест лица свој ракопис им испишувал решенија за добивање инвалидска пензија. Вработен во Фондот за здравствено осигурување од Струга, а излажал  шест лица ветувајќи им дека ќе им обезбеди инвалидска пензија. За таа услуга од  нив зел нешто помалку од 8.000 евра.  Осомничениот Л.Н. (57) години од Струга, од март до јули оваа година, од шесте лица  сите од Струга, примил вкупно 7.505 евра и 17.300 денари. Нив им кажувал дека е во исклучително добри односи со докторите од инвалидската комисија во Скопје,  кои зачестено доаѓале во Струга и дека без проблем ќе им направи за да ги добијат документите за инвалидска пензија, соопштија од министерството за внатрешни работи,  Л.Н притоа,  им ја предавал документацијата и парите по што докторите вршеле пресметка на паричните износи како и разгледување на приложената документација.  

Пријавениот, граѓаните ги довел во заблуда со лажно прикажување на документ, при што со свој ракопис испишувал решенија за добивање инвалидска пензија која наводно била пресметана од докторите-членови на инвалидската комисија од Скопје. Тој самиот, на оштетените им го одредувал денот од кога се пензионери и им ја одредувал висината на пензијата, потпишувајќи се со свој потпис. Л.Н. и минатата година бил кривично пријавен за вакво кривично дело, сторено на идентичен начин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *