Categories
Струга

Во Струга фонтана за пиење вода нема ни за „лек“

Од десетина фонтани во градот, во моментов останаа само две.

Во летниов период, стружани но и гостите, нема каде да ја гасат својата жед. Низ целиот град состојбата е иста. Од фонатаните кои порано беа распространети низ градот, во моментов постои само една и истата е нефункционална. Иако таа беше неопходна бидејќи се наоѓаше среде струшката чаршија, од сеуште непознати причини, подолг период е неупотреблива. Во срцето на градот имаше фонтана и покрај кејот на реката Црн Дрим, односно веднаш до споменикот на „Водарката“. Граѓаните укажуваат дека тие се неопходни и дека во градот треба да има фонтани на секое ќоше.

До пред еден месец единствено вода се пиеше од фонтаната на градскиот плоштад. Нејзината вода беше квалитетна, и освен што ја користеа граѓаните од околината, со неа се освежуваа и минувачите. Токму сега во летните горештини, од истата повеќе од два месеци не тече вода.
Од локлната самоуправа побаравме одговор на прашањето, зошто нема ниту една фонтана во градот и оние кои сеуште постојат зошто се нефункционални. Никој од нив не најде за сходно да ни одговори на овие прашања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *