Categories
Струга

Високиот степен на невработеност ја кочи иднината на младите

Се повеќе се зголемува бројот на овие луѓе кои своите квалитети ги инвестираат во други земји. За подобрување на состојбата, владата треба максимано да се ангажира. Ова се само дел од пораките, по повод Mеѓународниот ден на младите.

Се повеќе се зголемубва бројот на овие луѓе кои своите квалитети ги инвестираат во други земји. За подобрување на состојбата, владата треба максимано да се ангажира. Ова се само дел од пораките, по повод Mеѓународниот ден на младите.

Младите генерации во Македонија сеуште се соочуваат со горливиот проблем „вработување“. Иако во последно време незабележително се намалува степенот на невработеност, сепак со овој проблем се соочува секој втор млад човек во државава. Состојбатa не е розова и во образованието. Тоа во поголем дел не ги задоволува стандардите во европските земји, велат од младинската организација „ОКО“ од Струга. Од таму сепак се оптимисти, посебно сега кога во тек е проектот за европска образовна програма.

„Тоа е програма која им дозволува на студентите од Македонија да стекнат европско образование во универзитетите надвор од нашата земја“, вели Јован Попоски претседател на младинска организација „ОКО“ од Струга. Тој проект им овозможува и на средношколците од Македонија да реализираат проекти со нивни врсници од други земји“, додава Попоски.

Бидејќи со овој проект на студентите им се дава можност одреден период да поминат во странство, загрижува фактот што после стекнувањето на квалитетно образование поголем број од нив остануваат таму, истакна Попоски. Според него, за квалитетниот кадар да се задржи во Македонија, треба вадата максимално да вложува напори.

Добар пример за сите млади е Д-р Жан Митрев. Тој стектатото квалитетно образование наместо во Германија, каде се школуваше и работеше краток периот, го применува во татковината, вели Попоски. Тој порачува секој жител на Мекедонија посебно младите, своето стекнато образовно искуство и квалитет да го инвестираат во својата татковина. Младите луѓе мора да бидат вклучени во развојот и спроведувањето на плановите кои ја креираат иднината, додава Попоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *