Текстил, бижутерија и играчки се нудат на дваесетина тезги. Комуналните инспектори превземале мерки, но велат биле немоќни. Бараат подршка од нивните колеги, од другите ресори.

Зeлената површина пред машка плажа се претвори во пазар. На околу дваесетина тезги, преку целиот ден се продава текстил, бижутерија и играчки. Ваквата слика е вообичаена во летниот периот, но годинава е направен вистински хаос. Овој дел од градот кој е најпосетен и претставува атракција за гостите кои доаѓаат во градот, во состојбата во која се наоѓа сега, се дава само лоша слика за Струга, велат граѓаните. Без разлика чии се ингеренциите, тие очекуваат во текот на овие денови да се реши горливиот проблем со тезгаџиите.

Комуналните инспектори велат на неколку наврати се обиделе да ги протераат тезѓаџиите од зелената површина пред плажата, но залудно. На речиси сите, им се дадени решенија да го напуштата местото, но никој од нив не го почитува законот, вели Агни Даути од комуналниот инспекторатс при општина Струга. Тој уште додава дека со нивните ингеренции не се моќни да го средат нередието. Вели, недостасува заедничка соработка со другите инспектори, за да ги протераме продавачите на тезги.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: