Categories
Струга

Стружани око не склопуваат од прегласна музика

Вчеравечер, без сон останале болните сместени во градската болница. Инспекторите за заштита на животна средина најавија строги контроли.

Вчеравечер, без сон останале болните сместени во градската болница. Инспекторите за заштита на животна средина најавија строги контроли.

Започнаа проблемите со бучавата во Струга. Граѓаните реагираат дека цели ноќи око не склопуваат поради прегласната музика. Не само што преголема бучава излегува од кафулињата и ноќните клубови, жителите реагираат и на прегласната свадбарска музика.

Во текот на вчерашниот ден, од прегласната музика која се слушала во околината, без сон останале болните лица сместени во градската болница. Велат, со вакви проблеми се соочуваат речиси секој ден.
Граѓаните велат дека деновиве реагирале до ОВР Струга со цел да превземат мерки за да го спречат нарушувањето на јавниот ред и мир. Од таму како што велат, им бил кажано дека законот не им дозволува да реагираат на приватни свечености.

Од друга страна пак, стружани иницираат и до инспекторите за заштита на животна средина, поради прекршување на законските одредби за јачината на бучавата во кафулињата. До инспекторите претходниот месец пристигнале неколу за жалби, за десетина локали во градот, во кои претежно преку вечерните часови се пушта прегласна музика.
Митко Коркутоски, инспектор за заштита на животна средина од Струга, кажува дека веќе превземаат активности за контролирање на бучавоста. Иако повеќето локали се добро изолирани, сепак според нивниот концепт, акцијата за контролирање на бучавата во градот треба да се спроведе во двеста педесет локали во градот и околината. На терен инспекторите излегуваат и дополнително, односно по пријавување на граѓаните.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *