Categories
Струга

Стружани стекнаа навика да земаат, но и да издаваат фискални сметки

Пазарните инспектори отценуваат дека  во Струга деведесет проценти од објектите кои се фискализирани издаваат сметка. Велат, во иднина ќе посветат внимание на селските населени места.

Пазарните инспектори отценуваат дека  во Струга деведесет проценти од објектите кои се фискализирани издаваат сметка. Велат, во иднина ќе посветат внимание на селските населени места.

Стружани стекнаа навика да земаат но и да издаваат фискални сметки. Од државниот пазарен инспекторат велат дека состојбата со фискализацијата,  е на високо ниво. Доколку се прави споредба од пред две години, сега ситуацијата е променета. Потрошувачите кажуваат дека при  пазарење не забораваат да побараат  фискални сметки.

Камбер Даути од пазарниот инспекторат од Струга, кажува дека деведесет проценти од  објектите во градот кои се фискализирани,  издаваат  сметки.  Во моментов во струшкиот регион треба интензивно се превземаат мерки во селските населби, каде речиси воопшто не се  почитуваат законските одредби односно не се издаваат фискални сметки, вели инспекторот.

„Приоритет ни беше да го  средиме во градот, а сега редовни контроли ќе има и во селските населени места“- истакна Даути.

И покрај ваквите забелешки на инспекторите, сепак Струга е меѓу неколкуте градови во државава,  каде проблемот со издавањето на фискални сметки  е речиси решен. Тоа го  потврдуваат и  специјални телефонски линии, на кои граѓаните постојано  можат да пријавуват,  на кои места не се издаваат фискални сметки.  
„За разлика од другите градови, во Струга речиси и да нема телефонски јавувања. Тоа се должи  на инспекторите кои редовно контролираат, дали насекаде се издаваат фискални сметки“-вели Даути.
Тој апелира до сите граѓани да ги пријавуваат местата каде ќе приметат дека не се издаваат фискални сметки.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *