Categories
Струга

Стружани најдоа депонија за градежниот шут

Управата за животна средина, на општина Струга и даде позитивно мислење за локацијата која е одбрана за депонирање на инертниот отпад.

Управата за животна средина, на општина Струга и даде позитивно мислење за локацијата што е одбрана за депонирање на инертниот отпад или отпад кој има долг период на разлагње по природен пат.

На ред е Ј.П. „Комунално“, чија обврска е да ја уреди локацијата каде ќе се носи инертниот отпад.

Струшката депонија за градежен шут доби зелено светло. Управата за животна средина, на општина Струга и даде позитивно мислење за локацијата која е одбрана за депонирање на инертниот отпад. По добиеното мислење, обврската му е препуштена на Ј.П. „Комунално“ од Струга. Нивна задача ќе биде да го соберат градежниот шут и да ја прилагодат локацијата за таа намена.

„Тоа се две големи дупки кои ги имаат направено диви копачи на песок. Подобро истите да се наполнат со градежен шут, отколку со друг отпад“- вели Зоран Гулицоски, секретар на општина Струга.

„Приморани бевме да бараме било какво решение за депонирање градежен шут, бидејќи целиот струшки регион се затрупа со инертен отпад“, вели Гулицоски.

Бидејќи идната депонија се наоѓа помеѓу селата Враништа и Долна Белица, на последната седница на советот на општина Струга, кога воедно и се расправаше за оваа преглог одлука, реагираше советникот Илија Мацески. Тој истакна дека со пуштањето во функција на депонијата, можни се разни последици по здравјето на жителите на село Враништа.

До сега нема рекации од жителите на Враништа и Белица. Од општина Струга велат дека , депонијата ќе биде уредена по сите стандарди со цел да не се загрозуваат граѓаните кои живеат во нејзина близина.

Депонијата се очекува официјално да се пушти во употреба во текот на месец септември. Општината по градот ќе постави контејнери каде исклучиво ќе може да се фрла инертен отпад. Инстпекторите за заштита на животната средина најавија строги контроли и изрекување високи парични казни, за лицата кои градежниот шут ќе го фрлаат каде што ќе стигнат.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *