Categories
Струга

Стружани имаат вода за пиење за следните десет години

Со изградба на цевовод, квалитетно водоснабдување добија десет струшки села. Градоначалникот на Струга вели,- „доколку се искористат водите од село Збажди, струшкиот регион ќе има вода за наредните сто години“.

Струшкиот регион летово има вода за пиење. Ланскиот проблем со водоснабдувањето во повеќето населени места се реши. Минатото лето недостаток на вода имаа селата Горно и долно Татеши, каде во сушениот период вода се носеше дури и со цистерни. Пред да се повторат истите прблеми, општината преку изградбата на цевовод реагираше навреме, населението да се обезбеди со вода. Тој е со должина од пет ипол кило метри, започнува од Шум а завршува во село Ложани. Преку него со вода се снадбуваат селата: Мороишта, Враништа, Дараслајца, Ложани, Долно и Горно Татеши како и Ливада, Ново Село, Биџево и Волино.

“После толку време, ние најдовме снага и инвестиција да изградиме навистина голем проект, кој ќе ги снабди сите граѓани со вода за пиење„- вели градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

Со овој проект успеавме да ги исполниме барањата на граѓаните од горе споменатите населени места, додава градоначалникот. Доколку жителите совесно ја трошат водата, Мерко вели дека проблемот со водоснабдувањето ќе биде решен за подолг период.
“Со овој проект, проблемот со водоснабдувањето ќе се реши за десет или повеќе години…..во него треба да се вклучат и селата Делогожда и Милодежда“-истакна Мерко.

Според проценките на стручните лица стружани можат и воопшто да немаат проблем со водоснабдувањето, само доколку правилно се искористат изворите и водата од Голема Река, во село Забажди. Доколку таа се донесе до другите населени места, струшкиот регион ќе има вода за пиење, најмалку за следните сто години, прогнозира првиот човек на Струга.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *