Categories
Струга

Стружанец реагира на инспекциските служби во Охрид

„Ми ја затворија колонијалната продавница за прехрамбени производи, без да кажат која е причината“, вели нашиот соговорник. Од општинскиот инспекторат велат дека само си ја вршела својата работа, заплашени од случувањата во Црна Гора.

Стружанецот Идри Бајрами револтирано утапува остри критики кон инспекциските служби во Охрид. Тој заедно со неговата сопруга пред два месеци започнале бизнис во Охрид, каде отвориле продавница односно колонијал, за прехрамбени производи. Од тогаш па се до пред три дена, инспекторите од повеќе  области им дишеле во врат, кажува нашиот соговрник. Нивната намера беше по секоја цена да ни го уништат бизнисот, во која и успеаа, вели Бајрами. Објектот без причина, како што тврди  тој, им го затвориле во вторникот. Група од  дестина лица која ја сочинувале инспектори од неколку области како и полицајци, утрото дошле во објектот со цел да го затворат, но без да објаснат поради која причина, раскажува Бајрами. Бидејќи неговата сопруга која воедно била директорка на продавницата а истовремено и вработена, не го познавала добро македонскиот јазик, Бајрами зборувал во нејзино име, и тоа на повисок тон, кажува тој. Поради тоа, бил приведен во полициската станица во Охрид, а во меѓувреме инспекторите на неговата сопруга и дале записник и го затвориле објектот, додава соговорникот. Кога се вратив од полициската  станица видов некаков документ пишуван на рака и веднаш се упатив кај инспекторите, за да ми прочитаат која е причината поради која е затворен нашиот објект, истакнува сопственикот. Тој додава дека таму наишол  на недолично однесување.

„Тука пишува дека продавница треба да отвориш во Албанија, ова е Македонија и Охрид, нема што да бараш тука“- истакна Идри Бајрами-сопственик на колонијал за прехрамбени производи.

Бајрами вели дека потоа друг инспектор му кажал дека објектот е затворен поради несовпаѓање на состојбата на  фискалната каса со направениот промет. Ова обвинување, соговорникот вели дека е неиздржано. На фискалната каса имаше 3 700 денари, истата сума  беше и во дневниот промет, додава тој. Бајрами потенцира дека од денот на отварањето на колонијалот па се до пред затварањето на објектот,  работел по сите законски прописи.

„Од 60 дена од кога функционира продавницата постојано доаѓаат инспектори, сакал или не приморан сум да работам регуларно“ додава Бајрами.

Бајрами и неговата сопруга велат ќе одат до крај за да ја докажат  вистинта.
За веродостојноста на информацијата, ТВМ ја побара и другата страна. Од општинскиот инспекторат велат дека ги засилиле контролите во продавниците каде се продава храна, веднаш штом слушнавме за случката во Срна Цора.
Од таму уште додаваат дека во заедничката акција со  инспекторите од повеќете области во објектот кај Бајрами  затекнале неиздавање на фискална сметка и прекршок со тоа што продавале храна на улица. Истиот ден  ваква акција била спроведена низ целиот град. Од десет затворени објекти освен  Бајрами, сите бил мекадонци. Ние ги почитуваме правилата и работиме онака како што ни налага законот, велат инспекторите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *