Categories
Струга

Струшките училишта чекаат капитални инвестиции

Многу од нив се соочуваат со ист проблем – уништени санитарните јазли. Раководителот на оделението за образование и наука при општина Струга, се жали дека воопшто немал подршка од централната власт.

Многу од нив се соочуваат со ист проблем – уништени санитарните јазли. Раководителот на оделението за образование и наука при општина Струга, се жали дека воопшто немал подршка од централната власт.

Раководителот на одделението за образование и наука при општина Струга, вели дека од неговото доаѓање на оваа функција, ресорното министерство многу малку средства и има одобрено на општина Струга за потребита во образованието. До него, повеќе училишта имаат доставено барања за санирање на подот како и дотрајаните санитарни јазли.

„И покрај напорите да одговориме на само дел од нив, во некои училишта воопшто немаме моќ да им обезбедиме најосновни услови за работа“, истакна раководителот  на одделението, Џејми Хајредини.

„Во село Радолишта пред три години е започната изградба на училишна зграда, но до денес учениците настава одруваат во џамија“, истакан Хајредини.  Претставниците на владата велат дека секој ученик ќе има компјутер, а учениците во селото немаат клупи и столчиња“, додава Хајредини.

Хајредини потенцира дека сериозен проблем со санитарните јазли имаат неколку училишта и тоа повеќето се на албански наставен јазик. За овој, но и другите проблеми, Хајредини кажува дека постојано праќале барања до министерството. Од таму им било ветено дека ќе одобрат финсиски средства во вредност од пет илјади евра по училишта. Во програмата на министерството за образование и наука, за санација на санитарните јазли, влегуваат и струшките училишта, му било кажано на Хајредини.

„Се надеваме дека со новата коалиција работите ќе тргнат на подобро“-истакна раководителот на одделението.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *