Струшкиот совет заседаваше за последен пат за оваа година

Во празнично расположение го одобрија предлог буџетот за 2009 година и избраа командир на полициската станица во Струга.

 |  Билјана Ќосеска  | 
logo
лого

Во празнично расположение го одобрија предлог буџетот за 2009 година и избраа командир на полициската станица во Струга.

Струшките советници денес заседаваа за последен пат во оваа година. Во празничен амбиент советниците ги изгласаа речиси сите предлог одлуки. Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко пред советот го презентира предлог буџетот за 2009-та година и истит едногласно беше прифатен. Како што веќе ТВМ информираше, општина Струга за следната година има предвидено буџет во висина на 725.467.969 ден.

Општина Струга„Овој буџет беше на јавна расправа и истиот беше добро прифатен,  но можеше поарно да се изготви. За разлика од годинешниов, е повисок за 500-тини евра“ -истакна Миџаир Мусаи, претседател на комисијата за финансии и буџет.

Советникот Симон Алексиески реагираше на предлог програмата за работа на советот на о.Струга за 2009 година. Неговата реакција е во насока да се направи измена на оваа одлука во однос на зголемувањето на вработеноста на о.Струга. Според него, вработувањето треба да има  во првото тромесечје од следнава година а не во втората половина од истата.
Градоначалникот Рамиз Мерко,  ги предложи тројцата  кандидати за командир на полициската станица во Струга. Советниците бираа помеѓу; Нефи Шемшедини од село Корошишта, Симон Златески од Струга и Африм Шеи од село Велешта. За командир на полициска станица во Струга, советот го избра Нефи Шемшедини.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top