Categories
Струга

Струшките плажи узурпирани со педалинки

Локациите кои се предвидени за паркирање на овие пловни објекти, се речиси празни. Координативно тело ќе го решава овој хаос, најавија од општина Струга.

Локациите кои се предвидени за паркирање на овие пловни објекти, се речиси празни. Координативно тело ќе го решава овој хаос, најавија од општина Струга.

Плажите во Струга се узурпирани со педалинки. Вдолж на крајбрежјето, такви пловни објекти има од почетокот па до крајот на секоја плажа. Правилникот кој го има донесено советот на општина Струга, дека педалинките треба да се поставени на две локации, воопшто не се почитува. Во него стои, дека тие треба да се паркирани пред фудбалското игралиште Караорман, како и помеѓу плажите „Евро“ и авто кампот „Ас“. Иако капачите се директно засегнати со оваа проблематика, сепак имаат разбирање за сопствениците на педалинките. Велат, тоа им е единствена егзистенција, и тоа само во летниот период.

Надлежните од општина Струга добро го познаваат проблемот, со кој се соочуваат речиси секое лето. Велат, изводливо е педалинките да се паркираат и изнајмуваат на две локации, бидејќи тие преку целиот ден пловат во водата. За да се решат овој проблем, од таму најавија дека ќе формираат координативно тело. Задача на членовите на тоа тело, е да ги отстранат сите сезонски објекти, кои не се поставени според правилата и прописите, вели секретарот на општина Струга, Зоран Гулицоски.
Тој додаде дека неопходно е да се реши овој проблем, пред се за поголема безбедност на капачите по струшките плажи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *