Categories
Струга

Струга се подготвува за годинешното издание на Струшките вечери на поезијата

Се работи чистотата на градот  како и на подобрување на инфраструктурата. Општина Струга и годинава одвои скромни средства за потпомагање на манифестацијата.

Се работи чистотата на градот  како и на подобрување на инфраструктурата. Општина Струга и годинава одвои скромни средства за потпомагање на манифестацијата.

Локалната самоуправа при Општина Струга и годинава ги превзема вообичаените обврски околу одржувањето на престижната манифестација Струшки вечери на поезијата. Според програмата на локлната самоуправа, градот интензивно инфраструктурно ќе се подготвува. „Поголем дел од обврските  веќе ги завршивме“, вели секретарот на општина Струга Зоран Гулицоски.

„Осветлувањето во градот кој беше горлив проблем е веќе решен. Во иднина ќе  поработи на зголемувањето на хигиената“ –вели Гулицоски.

Бидејќи светски познатата манифестација, се организира на републичко ниво, општината вообичаено ги превзема само мал дел од обврските. Наша воља  е дали  ќе одвоиме  од својот буџет  за подготовките и активностите за Струшки Вечери на Поезијата, вели Гулицоски. Тој потенцира дека општината ќе ги организира коктелите како и превозот на поетите до атрактивните места во охридско-струшкиот регион.

Од  локлната самоуправа велат дека до крајот на овој месец ќе ги привршуваат низата активности. За годинешното  четириесет и седмо издание на манифестацијата, ќе се санираат  неопхопдните работи. Стружани се оптимисти дека годинава Струшки вечери на поезијата, ќе се одржат во најдобро светло.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *