Џејми Хајредини, член на управниот одбор на манифестацијата, го повика градоначалникот на Охрид да биде џентламен, финансискиот товар да го подели со Струга, бидејќи дел од активностите се одржуваат и во Охрид.

Започнаа подготовките за одржување на манифестацијата Струшки вечери на поезијата. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, неодамна одржа состанок на кој се прецизираа активностите кои се на товар на општината. Меѓу другото, локалците трагиционално ќе ја уредуваат  на сцената на мостот каде ќе се чита поезија и проза. Иако активностите започнаа со закаснување, сепак  Џејми Хајредини, член на управниот одбор на манифестацијата,  вели дека ќе има беспрекорна организација.
Моментално на местото каде ќе се одржува манифестацијата се уништени културните знаменитости. Сеуште очи боди рамот во кој стои песната  „Т’га за југ„ и сликата на Браќата Миладиновци.Тој е речиси уништен а недлежните и по две години, сеуште не превземаат никакви мерки.
„Имаме ангажирани лице кое ќе ги  превземеме сите конкретни активности пред да започне манифестацијата“, вели Џејми Хајредини, член на управен одбор на СВП.
Тој,  како член на управниот одбор на манифестацијата реагира,  дека за одржувањето на манифестацијата, немаат воопшто подршка од соседниот град- Охрид. Агендата предвидува поголем дел од активностите на поетите да се во Охрид, но сетоа тоа е на финансиски товар само на општина Струга, додава тој.
„Во Св.Софија е  портретот на лауреатот додека во Св.Наум е пикникот. Во Охрид на свечениот ручек доаѓаат поетите од целиот свет но сметката ја плаќа Струга, вели Хајредини. Треба градоначалникот Петрески да биде џентламен  и  сметката да биде на товар на општина Охрид“- додава тој.
Менифестацијата е на републичко ниво, но обврските треба да ги  поделат градовите каде се одржуваат активности во склоп на Струшки вечери на поезијата, вели Хајредини.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: