Categories
Струга

Струшките линиски превозници незаконски ги покачија цените на возните билети

Предлог одлуката за утврдувањето на тарифниот систем, по втор пат не се усвои на седница на совет. Инспекторте најавуваат превземање строги мерки, линиските превозници пак враќаат- „ќе бојкотираме“.

 

Линиските превозници во струшкиот регион веќе два месеци наплатуваат возен билет, по нова, покачена цена. Речиси скоро сите сопственици на комби-возилата се соединија за да ја зголемат цената, за пет до десет денари. Со оваа постапка, тие ги прекршуваат законските одредби, бидејќи за самоволната одлука немаат подршка од советот на општина Струга.

„Линиските превозници уште пред две години доставија барање за покачување на цените. Два пати беше на дневен ред и не се усвои, но факт е дека речиси сите не го почитуваат тоа“, вели Зоран Гулицоски-секретар на Општина Струга.

 

Утврдувањето на тарифниот систем за зголемување на цената на билетите за патен превоз, е врз основа на зголемување на цената на бензинот. Ова е образложението на линиските превозници, кои речиси секој ден им го потенцираат на инспекторите за патен сообраќај, во општина Струга. Од таму пак велат, дека без разлика на барањата на превозниците, наша законска обврска е да ги почитуваме правилата, односно да ги предупредуваме истите, додека не се изгласа одлука на совет да наплаќаат по старата цена.
Инспекторите велат дека секојдневно превземаат мерки, но и оти истовремено добиваат предупредувања од линиските превозници. Доколу не се остварат нивните барања, најавуваат бојкот, истакнаа инспекторите.
За зголемените цени, досега до инспекторите не се пожалиле патници. Од таму сметаат дека тоа се должи на неинформираноста на патниците кои имаат законско право да бараат линиските превозници да возат по цена диктирана од советот на општина Струга.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *