Categories
Струга

Струшкиот градоначалник заработи казна поради Нури Мазари

Поради нелегалната изградба на споменикот на Командант „Струга“, од страна на основниот суд од Струга,  изречена  му е условна казна од една  година.

Поради нелегалната изградба на споменикот на Командант „Струга“, од страна на основниот суд од Струга,  изречена  му е условна казна од една  година. Рамиз Мерко смета дека ова е политичка игра, подршка во ставот има и од неговиот колега Александар Петрески.

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко е осуден на една година условна казна, поради обид за незаконско поставување на споменик на Нури Мазари-алијас командант „Струга“. Тој наместо да ја почитува одлуката на судот за стопирање на градежните работи, спротивно од тоа,  продолжил со изградба на постаментот  на командантот Мазари. Поради тоа,  Основниот суд од Струга вчера на  Мерко му изрече казна затвор од три  месеци, која е преиначена во условна казна од една година.

Градоначалникот Рамиз Мерко вели дека ова е политичка игра. Не учествувал во изградбата на споменикот, па затоа не чувствувал одговорност.

Мерко објаснува дека  Советот на општина Струга ја изгласа одлуката за изградба на споменикот и тоа по барање од ветераните на ОНА.

Локалната самоуправа нема распишано тендер за негова изградба,  ниту пак одвои финансиски средства за таа намена, истакна Мерко. Токму поради ова образложение, тој смета дека одлуката на советот е неоснована. Со овој став се согласува и неговиот колега, градоначалникот на Охрид Александар Петрески.

„Можеше целиот случај да заврши и без условна казна туку само со опомена. Бидејќи споменикот не се  доизгради затоа не требаше да се оди до тој степен“ истакна Петрески.

Спротивно од овие ставови се од општинскиот комитет на Вмро Дпмне од Струга,  од каде воедно произлезе иницијативата за спречување на според нив, нелегалната изградба на споменикот на Командант Струга во центарот на градот. Велат без разлика од чии редови ќе биде идниот  градоначалник на Струга, доколку работи нелегално, кривично ќе одговара пред основниот суд.

Инаку Нури Мазари беше убиен во струшкото село Делогожда во 2005  година, каде воедно и живееше. Се сметаше за херој бидејќи беше поранешен припадник на ОНА, како и советник во  Советот на општина Струга.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *