Categories
Струга

Струга наесен конечно ќе замириса на свежо асвалтирани улици

Градоначалникот Рамиз Мерко објаснува, дека поради изборите, акцијата за асвалтирање на патиштата не се реализирала пред туристичката сезона.

 

Сеуште нема ништо од најавеното асвалтирање на улиците. Според програмата за работа на Локалната самоуправа, која се донесе во февруари годинава, беше предвидена реконструкција на патиштата. Првиот човек на Струга, градоначалникот Рамиз Мерко, на неколку наврати потенцираше  дека пред почетокот на сезоната конечно ќе се реши горливиот проблем на граѓаните. Но, до реализација на програмата не дојде. Покрај граѓаните, ова лето инфраструктурниот хаос во градот повторно го почувствуваа и туристите.  Мерко се правда дека со причина не го остварил ветувањето.

„Tендерот, кој беше предвиден за месец мај, се пролонгира поради изборите“ – вели градоначалникот Рамиз Мерко.

Во споменатата програма, приоритетна е улицата „Ристо Крле“. Градоначалникот се надева дека следниов месец, не само приоритетните улици, туку и останатите кои се нефункционални и уништени, ќе бидат асвалтирани. Од Светска Банка, за оваа намена на општина Струга и се одоборени 900 000 евра.

 

Мерко потенцира, дека покрај реконструкцијата на улиците од особено значење е и изградбата на нови, како и тековно одржување на постоечките локални патишта и улици. И за крај додава -„Доколку поголемиот дел од програмата се реализира, Струга конечно ќе добие современ изглед кој му прилега на едно туристичко место“.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *