Струга одбележува 71 година од македонската химна

„Денес над Македонија“ за прв пат била испеана од културниот деец од Струга, Владо Малески на новогодишната игранка за дочек на 1942 година во домот на Сотир Шута.

 |  Николоска Биљана  | 
zname
знаме

 

Струга одбележува 71 година од првото изведување на македонската химна. Агатија Мандоска од Струга сеуште ја памети игранката како да била вчера, кога за прв пат стружанецот Владо Малески на дочекот на Новата 1942 ја испеал „Денес над Македонија се раѓа“.

himna„Тогаш бевме ние поканети за Нова година да ја дочекаме 1942 год, кај Сотир Шута куќата. Бевме повикани таму заедно со мојот сопруг, таму беше Нико Нестор кој беше главен организатор на КПЈ. Беше и Владе Мале кој ја испеа „Денес над Македонија“-раскажува Мандоска.

Утре во Струга се одбележува еден важен историски настан не само за општината туку и воопшто за земјава, вели д-р Сашо Цветкоски, директорот на Музејот „Др Никола Незлобински“. Воедно Цветкоски најави промоција на една монографија која претставува историски документ за сите македонци каде и да се.

„Овој циклус годинава ќе го одбележиме со второто издание на книгата на Сотир Опетчески за химната на Р. Македонија односно „Вистината е во букетот цвеќе“. Книгата претставува исклучително документарно дело бидејќи е пишувана од очевидец кој автентично го пренел се она што е од исклучително значење“-вели Цветкоски.

znameМинистерството за култура, заедно со неговите установи во Струга, годинава активно се вкличија во чествувањето по повод првата интерпретација на Македонската химна. Пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ Лилјана Затуроска вели, дека чуствуваат обврска да се придаде уште поголемо значење кон овој историски и важен ден за државава.

„Сакавме да го издигнеме настанот на едно повисоко ниво сепак тоа е значаен настан за Р. Македонија и за граѓаните и годинава и наредните години тоа ќе биде на повисоко ниво“-истакна Затуроска.

Пред централната свеченост што ќе се одржи во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, во недела во 19 часот ќе биде положено и цвеќе пред споменикот на Владо Малески и пред спомен-куќата на Сотир Шута, каде првпат била испеана македонската химна „Денес над Македонија“.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top