Categories
Струга

Во Струга јубилејно се одржаа „ Македонски духовни конаци“

Високото признание „Велја Кутија“ отиде во рацете на пистелот Раде Силјан, за книгата „Сенки на татковината“. „Духовни воини“  беа академик Никола Кљусев  и   проф. Виктор Фридман.

Високото признание „Велја Кутија“ отиде во рацете на пистелот Раде Силјан, за книгата „Сенки на татковината“. „Духовни воини“  беа академик Никола Кљусев  и   проф. Виктор Фридман.
 
Со триесет и три одѕвонувања на црковната камбана на Св.Ѓоргија, денес се одбележа јубилејната манифестација „Духовни Конаци“. Традиционално и оваа година, во дворот на храмот се собраа љубителите  на културните случување од Македонија но и од соседните земји.
На денешната свеченост  се доделија традиционалните награди на асоцијацијата „Македонски духовни конаци“.Признанието „Велја Кутија“ отиде во рацете  на пистелот Раде Силјан, за книгата „Сенки на татковината“. Таа  е рекапитулар на тематската  преокупација на писателот „ Сенки и Татковината“. За писателот,  оваа награда е од посебно значење,  бидејќи како што вели,  го добива  од компетентно жири кое ја почитува македонската литература. 

„Ова признание придонесува за популаризација на книгата и прифаќање на истата од страна на читателите„- вели Раде Силјан, добитник на наградата „Велја кутија“.

Наградата „Духовен Воин“ која се доделува за личност воин за македонската кауза,  е посветена на  двајца уметници.

Постхумно на академик Никола Кљусев,   како и на професор Виктор Фридман кој живее во САД.  Неговото дело го промовираше  проф. Д-р Вера Стојчевска-Антиќ, која за него кажа дека е човек кој добро ја запозна Мекедонија и се бори за зачувување на македонската култура и јазик.

„Кога  се одржуваше американско-македонска конференција за макдонски литературен јазик во Енбор и Торонто, зборникот кој требаше да излезе Виктор Фриднам предложи да се вика „ Чувајго зборот добро врзан“. Тоа е стих од Блаже Конески, што значи зборот ги врзува некои научници во својата дејност исто  како што Фридман е врзан до македонскиот јазик, поезија, литература и култура“- вели проф. Д-р Вера Стојчевска-Антиќ.

На менифестацијата Македонски духовни конаци,беше отворена и ликовна изложба „Слика -поема што зборува“ на уметникот Атанас -Тасо Костандини од Поградец. Пред храмот на црквата свој настап имаа и реномирани поети.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *