Categories
Струга

По четврти пат, Струга е домаќин на „Инексово Култруно Лето“

Во годинешната програма се вклучени еминентни имиња од европските земји. Организаторите очекуваат оваа манифестација да донесе многу туристи во градот.

Четврта година по ред, хотел „Дрим„ е домаќин на манифестацијата „Инексово културно лето“.Организаторите велат, дека за разлика од претходниве години, овојпат на љубителите на културните случувања, ќе им понудат  поинтересна програма. Во текот на одржувањето на „Инексово културно лето“ свој настап меѓу македонските, ќе имаат и врвни имиња од европските земји.
„Во „Инексово лето„ е предвидено да има Вечер на чалгиска музика од Данка, Вечер на рок музика и модерно танцување, Ноќ спроти илинден како и свечено отварање на фестивалот „ Езерски Бисери“-вели Татјана Огненовска од Хотел Дрим.

Во програмата на „Инексовото културно лето“ трети  август е резервиран за „Вечер на Оперски Арии“ Свој настап ќе имаат: Славица-Петровска Галиќ, Ана Ројдова, Ристо Атанасовски како и Андреј Нанунов. На десетте вечери од манифестацијата влезот ќе биде бесплатен. Со тоа, организаторите велат дека бројот на посетители од Македонија но и од странство  ќе биде многу голем.
“Иако Струга е позната по „Струшки вечери на поезијата“ сепак „Инексово лето“ придонесува во градот да дојдат многу гости, бидејќи Хотел Дрим е угостителски гигант кој постои триесетина години и зрачи со свој квалитет. Истовремено успева да ги задржи традиционалните гости“-вели Огненовска.

Свеченото отворање на „Инексово Културно лето“е  вечерва во дваесет и еден  часот, на базенот „Камелија“ во хотел Дрим. Манифестацијата ќе заврши на седумнаесети следниот месец, со грант-при  наградените на фестивалот „Езерски Бисери“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *