Categories
Струга

Се исчисти кванташки пазар во Струга

Ј.П.„Kомунално“ постави контејнер. Од таму најавија дека сметот ќе го собираат два пати во неделата.

 

По серијата прилози на информативната редакција на ТВМ конечно се исчисти кванташкиот пазар во Струга. По предупредувањата на стручните лица за можните последици од нехигиената во пазарот, проработи свеста кај надлежните но и кај продавачите. Горлив проблем беше тоа што на пазарот на големо немаше контејнер. И покрај ветувањата дека веднаш ќе се постави, сепак додека се случи тоа, поминаа речиси две недели.

За потребите на продавачите моментално е поставен еден контејнер.
Директорот Ваљон Џила, вели дека сметот ќе се собира два пати во неделата, и оти максимално ќе вложуваат напори за да биде чист пазарот на големо. За да успее оваа намера пред се треба продавачите да бидат совесни, а не лубениците и дињите да ги фрлаат кај што ќе стигнат, вели директорот. Подршка, најавија и инспекторите. Велат дека постојано ќе контролираат со цел да се зачува хигиената на пазарот, и да се намали ризикот од било какви последици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *