Categories
Струга

Се поизвесна е судбината на струшката депонија

Неофицијално, деновиве спорната локација ја посетиле државни инспектори од министерството за заштита на животната средина.

Неофицијално, деновиве спорната локација ја посетиле државни инспектори од министерството за заштита на животната средина.

Градоначалникот Рамиз Мерко вели, „Разговаравме со министерот за екологија и ни вети дека ќе помогне да го решиме проблемот со општинската депонија“.

Се поизвесна е судбината на струшката депонија. Неофицијално, во иднина општинскиот отпад ќе се депонира на спорната локација кај граничниот премин „Ќафасан“. Наши извори не информираа, дека пред неколку дена инспектори од Министерството за заштита на животната средина излегле на терен да увидат дали локацијата е соодветна за таа намена. Истите тие додаваат дека шансите се многу големи спорната локација, да биде идната депонија. Градоначалникот Рамиз Мерко пред две недели се сретнал со министерот за екологија. На средбата меѓу другото, се разговарало и за депонијата.

„Ни вети дека ќе го подржи нашиот проект за да ја дислоцираме депонијата и да го исчистиме струшкиот регион од сметот„- вели Рамз Мерко, градоначалник на Општина Струга.

Советот на општина Струга пред две години ја изгласа одлуката за новата депонија кај граничниот премин „Ќафасан“. На ова се противеа жителите од селата Радожда и Маливлај, протестирајќи општинскиот отпад да не се носи во нивна близина. Бидејќи сеуште депонијата е во Струшко поле, Градоначалникот Мерко потенцира дека неопходно е итно да се бара решение.

„Сигурно во наредната недела повторно ќе се состанам со министерот, бидејќи мора Струга еднаш засекогаш, во секој поглед да биде чист“- додава Мерко.

Тој уште истакна, доколку се носи сметот на било која локација општината ќе превземе обврска местото околу неа да биде заштитено, со цел да не се загадува животната средина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *