Categories
Струга

Пазарните инспектори во „лов“ на пастрмка

Охридската пастрмка иако забранета, сепак се нуди на менито во угостителските објекти.

Пазарните инспектори од Струга, најавија засилени акции во охридско-стушкиот регион. Ќе бидат посетени сите објекти, доколку на лице место се затекне охридска пастрмка, на сопствениците ќе им бидат изречени високи парични казни.

Летово во рестораните, хотелите и другите угостителски објекти нема да се приготвува охридска пастрмка. Иако е забрането, сепак на менито на повеќе угостителски објекти, се нуди овој  вид на риба. Државниот пазарен инспекторат,  најави засилени контроли за да се  почитува законот, со кој се забранува лов на пастрмката.

„Предвидено е да се посетат сите угостителски објекти, бидејќи  речиси сите се снабдуваат со пастрмка и истата им  ја приготвуваат за посетителите“- вели  Камбер Даути од пазарниот инспекторат од Струга.

Иако поголем број  угостители од охридско струшкиот регион,  охридската пастрмка ја нудат како посебен специјалитет на куќата,  сепак многу од нив, негираат дека го загрозуваат овој редок вид на риба. Даути кажува дека има сознанија на кој начин и конкретно во кои објекти се нуди пастрмката. Затоа во наредниов период,  по наредба на  инспекторатот од Скопје, во Охрид и Струга ќе се спроведат засилени  акции, за да се контролираат угостителските објекти. Посебно внимание ќе се посвети на рестораните кои се познати по специјалитети од пастрмка, истакна  Даути. Тој кажува дека заедно со ветеринарните инспектори ќе ги посетат сите објекти и  со налог ќе  контролираат,  дали во кујните се приготвува пастрмка.
Акцијата е предвидена да трае во текот на летниот период. Даути додаде дека без исклучок  ќе се контролираат сите угостители објекти. Граѓаните до државниот инспекторат можат да пријавуваат доколу имаат забелешки во кои ресторани се нуди пастрмка. Колкави ќе бидат казните за сопствениците кои нема да ги почитуваат законските одредби, сеуште не е прецизирано.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *