Categories
Струга

Охридското Езеро ќе се порибува со јагула

Охридското Езеро ќе се порибува со јагула

Од илјада и четиристотини млади единки на јагула, во мрестилиштето во Шум се пристигнати само една третина. Тие преку тендер се обезбедени од затворено мрестилиште во Грција.

 Состојбата со фондот на јагулата во Охридското езеро е на задоволително ниво. Години наназат во водите на езерото имало пракса просечно да се ловат по единаесет илјади килограми, имало случаи бројката да се искачи и до шеснаесет илјади. За разлика од тогаш, сега количеството е помало. Тоа се должи како резултат на нискиот водостој на водата во Охридското езеро, вели Димче Тале од Институтот за сточарство.
Ваква е состојбата уште од илјада деветстотини и седумдесетата година со изградба на хидроцентралите „Глобочица и „Шпилје“ на реката Црн Дрим. Со тоа прекинат е природниот пат на јагулата која се мрестеше во Мексиканскиот залив и Карипско море. Па затоа оттогаш наваму Охридското Езеро вештачки се порибува со јагула, а обврската за тоа ја има превземено „Елем“. Првата тура подмладок на јагула, од синоќа пристигна во мрестилиштето Шум во Струга.
„Бидејќи две години не извршивме мрестење, годинава ќе надоместиме со што ќе порибиме илјада и четрстотини млади единки. Од нив моментално во мрестилиштето се донесени само една третина“ вели Љупчо Ангелески директор на „Хец-Шпилје“.

Во текот на наредниве денови, се очекува да пристигнат уште три тури на млади единки на јагула. Тие ќе минат еден месец во карантин, каде ќе бидат извршени патолошки, бактериолошки и други контроли, за потоа да биде извршено порибување на Охридското Езеро со јагула.
Младите единки, преку тендер се обезбедени од затворено мрестилиште во Грција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *