Нема фискална сметка, нема субвенции

Без фискален доказ, земјоделците неможат да добијат финансиски средства, за теле добиено по вештачки пат.

 |  Колоска Биљана  | 
veterinarna stanica
ветеринарна станица

Земјоделците мака мачат поради фискалните сметки. Неможат да добијат  субвенција за теле добиено по вештачки пат без да приложат  фискална сметка. Со овој проблем се соочуваат скоро сите земјоделци на  кои им следуваат вакви субвенции.

kraviЗа теле добиено со вештачко осеменување поднесителите на барање за субвенции, мора да поседува фискална сметка од ветеринарната станица од каде го извршиле тоа. Никој од нив, кој досега се обратил во Агенцијата за развој на земјоделство, нема донесено комплетна докумантација, вклучително и фискална сметка. Наместо тоа,  тие имаат само потврда за извршеното вештачко оплодување, појаснуваат од таму. Според надлежните во Агенцијата, најголема вина за ваквата ситуација ја имаат ветеринарните амбуланти.
„Од изјавите на земјоделците констатиравме дека ветеринарните станици не им давале фискални сметки кога вршеле вештачкото осеменување“-вели Слаѓана Калајџиеска Бебекоска, од Агенцја за развој на земјоделство.
И покрај тоа што земјоделците кои доаѓаат во Агенцијата немаат фискална сметка како доказ дека телето е добиено со вештачко осеменување, сепак ние им нудиме варијанта да добијат субвенции за истото, додава Бебекоска.
„Ги насочуваме на земјоделците да појадат во ветеринарните амбуланти и да земат фискална сметка. Ќе им ја признаеме и доколку истата е со датум кога ќе ја земат, наместо кога се извршило осеменувањето“-потенцира Бебекоска
ТВМ стапи во контакт со ветеринарната станица „Струга вет“.
Од таму велат дека тие издаваат фискални сметки за вршење на овие услуги, но ги чуваат кај  нив. Доколу земјоделците ја побараат тогаш ние сме должни да им ги дадеме, додаваат од  таму.

Инаку, земјоделците за да добијат субвенции за теле, во висина од 1200 денари, треба во Агенцијата да достават комплетна докумантација која се состои од: фотокопии од лична карта, трансакциона  сметка, РБО, пасош од добиеното теле, или потврда каде ќе биде евидентиран бројот на телето.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top