Мена: Моја главна цел унапредување на квалитетот на здравствените услуги

Микробиолошката лабораторија во центарот за нефрологија Струга, пофалена од голем број корисници на услуги од охридско струшкиот регион. Менаџерскиот тим на установата вели дека добро е кога се слуша позитивна критика. Тоа им дава дополнителен стимул за работа кон остварување на нивните цели, насочени кон унапредување на квалитетот на здравствените услуги.

 |  Николоска Биљана  | 

Микробиолошката лабораторија која што функционира во струшкиот Завод за нефрологија, работи по најсовремените медицински методи. Микробиолозите од оваа лабораторија континуирано ги надградуваат своите стручни знаења за извршување на високостручна микробиолошка дејност, вели д-р Валентина Докоска, специјалист микробиолог. Додава дека за извршување на квалитетна микробиолошка дејност значително придонесува несебичниот ангажман на првиот човек на оваа Установа, д-р Сами Мена кој успеал да обезбеди современа и квалитетна опрема. Докоска вели дека досега не се случило да вратат пациент, а како посебно олеснителна околност било тоа што микробиолошката лабораторија примала пациенти со упат од матичен лекар.
Нашите цели се насочени кон унапредување на квалитетот на здравствените услуги на сите нивоа, како и воведување на најсовремени дијагностички и терапевтски методи, вели директорот д-р Сами Мена.

Јас како што знаете повеќе години сум директор, па во текот на мојот мандат успеав да обезбедам апаратура со која што можеме да ги извршиме сите услуги кои се вршат во повисоките центри на клиника. Имаме нови апарати бакталети вајтек со кој ги работиме сите култури“.

Во струшкиот Завод за нефрологија се примаат пациенти од целиот регион, а има пациенти кои доаѓаат и од соседните земји, пренесува Мена. Се поголем е бројот и на бремени жени кои потребните анализи ги прават во нефрологија Струга, додава директорот. За подобрување на квалитетот на услугите, покрај набавката на современа апаратура, во Заводот се вршат и инфраструктурни зафати.

Се трудиме да направиме и нови простории да ги подобриме условите, иако немаме некоја капитална инвестиција од Министерството, очекуваме во иднина тоа да се подобри, но во моментов со наши средства и труд успеваме заводот да функционира без прекин“.

Доколку министерството за здравство партиципира со некоја буџетска сума за струшка дијализа, директорот најавува комплетно реновирање на болничкиот оддел и промена на кровот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top