По прилогот на информативната редакција на ТелевизијА ТВМ за нечистотијата на струшкиот кванташки пазар, се огласија стручните лица. Броматологот  Сашо Точко, од заводот за здравствена заштита од Охрид предупредува, дека ваквата состојба по пазарите го доведува во прашање здравјето на потрошувачите. Таквите места се најактивните жаришта  кои можат да доведат до ширење на епидемии, истакна  броматологот.

„Таквите места треба да се контролираат почесто,  но за жал ние немаме ингеренции да земаме примероци. Испитувања правиме  по инсистирање на граѓаните, и тоа доколку тие кај нас донесат примероци“- вели Сашо Точко,  од заводот за здравствена заштита.

Од таму упатуваат апел до  инспекциските служби тоа да го направат веднаш.

„Не само кванташкиот пазар туку воопшто, местата каде се продава храна треба постојано да се контролираат, бидејќи фактичката состојба загрижува“, вели Точко.

„Јас ве уверувам дека продавачите лоцирани на кванташките пазари во Охрид и Струга  немаат  направено санитарен преглед а уште помалку поседуваат санитарни книшки, -додава Точко.

Иако пред четири дена надлежните од Јавното Претпријатие Комунално ветија дека ќе превземат мерки односно ќе постават контејнери, до денес нема ништо од најавеното.
Комуналните инспектори како и оние за заштита на животната средина при општина Струга, по наше барање  ветија дека веднаш ќе превземат мерки. Потенцираа, заедно со комуналното претпријатите ќе го исчистат сметот на кванташки пазар.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: