Categories
Струга

Кванташки, наместо пазар – депонија

Продавачите фрлаат лубеници и дињи каде што ќе стигнат. Велат, нема контејнери за да го одлагаат сметот. Директорот на Комуналното претпријатие ветува дека ќе ја врати чистотата во овој дел од градот.

 

Кванташкиот пазар во Струга се претвори во депонија. Лубеници и дињи се расфрлани на сите страни. Просторот, каде се паркирани товарните возила со овошје, продавачите  на своја рака го користат за одлагање на отпадот. Иако првиот човек на Ј.П.„Комунално“ Ваљон Џила, најавуваше  дека хигиената на кванташкиот пазар ќе биде на високо ниво, таму досега нема ни трага од контејнери. Затоа продавачите,  лубеници и дињи  фрлаат каде што ќе стигнат, а  непријатна миризба се шири насекаде. Продавачите велат дека и тие не сакаат околу нив да има смет. Додаваат уште дека, доколку комуналното претпријатие им обезбеди барем два контејнери, сами ќе го исчистат сметот.на Ј.П.„Комунално“ од Струга пак, вели дека продавачите кои на кванташки пазар направиле,  нелагално ја вршат својата дејност.

„Контејнери не се поставени, бидејќи планот за пазарот сеуште не е финализиран“, објаснува директорот Ваљон Џила.

Тој вели дека без разлика на тоа, ќе се погрижи да ја врати хигиената на пазарот на големо, кој сеуште официјално не е пуштен во употреба.
Џила кажува дека пред се, со продавачите на лубеници и дињи, ќе склучи договор за користење на кванташки за  преостанатиот период. Сите ќе бидат задолжени хигиената на пазарот да биде на високо ниво, бидејќи од голема важност е тој да биде постојано чист, истакна Џила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *