Categories
Струга

Комуналното претпријатие се жали на „хигиената“ во Струга

Вложуваат максимални напори, но тоа речиси не се ни забележува. Првиот човек на претпријатието вината ја гледа во граѓаните на Струга и гостите кои доаѓаат.

Вложуваат максимални напори, но тоа речиси не се ни забележува. Првиот човек на претпријатието вината ја гледа во граѓаните на Струга и гостите кои доаѓаат.

Туристичката сезона му ја отежни работата на Ј.П. Комунално од Струга. И покрај напорите хигиената во градот да биде на нај високо ниво, сепак има места во Струга кои неколку денови не се собира сметот. Граѓаниете се со своја отценка за нивото на хигиената во градот.
Повеќето велат дека градот е затрупан во смет и владее голема нехигиена.
Истите додаваат дека вината е заедничка, на граѓаните и претпријатието.
Првиот човек на претпријатието, признава дека колку ќе е чист градот, зависи од нив, но во најголема мера смета дека вината лежи во некултурата на граѓаните, посебно на гостите. Голем проблем имаме со гостите кои доаѓаат во Струга само за викенд. Во тие два дена градот е затрупан со отпадоци, вели директорот Ваљон Џила.  И покрај што целиот град е опремен со контенјери, гостите сметот  фрлаат околу  нив, додава Џила. 
„Вложуваме максимални напори, сега работиме и три смени иако возилата се многу стари и дотрајани“- вели директорот на Јп.Комунално, Ваљон Џила.
Во соработка со „ПРОКРЕДИТ„ и „УСАИД“ се поставени корпи за отпадоци и контенјери, во сите клучни точки во градот, кажува директорот Џила. Сакаме хигиената да биде на највисоко ниво но тоа не зависи само од нас, додава тој. Повикува на соработка со граѓаните.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *