Categories
Струга

Kејот на Дрим узурпиран со маси и столчиња

Во Струга започна хаосот со сезонската опрема.Угостителите маси и столчиња извадија и по горните кејови, каде не беше предвидено.

 

Во Струга започна хаосот со сезонската опрема. Угостителите маси и столчиња извадија и по горните кејови, каде не беше предвидено.
Од старт, од локлната самоуправа не се придржуваат на ветувањата дека ќе има засилени контроли, реагираат граѓаните.

Во Струга започна хаосот со сезонската опрема. Сопствениците на кафулињата и ретораните, маси и столчиња почнаа да поставуваат каде што ќе стигнат.
Состојбата во чаршијата е под контрлора и сопствениците се придржуваат на правилата, но нередот започна да се создава по кејот на Дрим.
Советот на општина Струга, донесе одлука, со која се дозволува поставување на ваква опрема, само по долните кејови, но факт е дека маси и столчиња се поставуваат и по горните.
Граѓаните се едногласни во својот став, за поствавување на летна опрема по горните кејови.

Граѓаните апелираат до надлежните, навреме да ги контролира угостителите, со цел да не се опореметуваат нормалниот тек на движење на пешаците.
Секретарот на општина Струга, Зоран Гулицоски вети, дека оваа година ќе ги засукаат ракавите и нема на сопствениците на угостителските објекти, да им се гледа низ прсти, но во пракса не се покажува тоа.
Од локлната самоуправа и понатаму стојат на ставот, дека нема да дозволат летово, одредени угостители да го нарушуваат изгледот на градот. Сите ќе мора да се придржуваат на правилата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *