Categories
Струга

Еврорегионот Преспа – Охрид, пропадна

Еворегионот Преспа – Охрид во кој се вклучени  општини од пограничните места на трите држави – Македонија, Албанија и Грција – не функционира.

Еворегионот Преспа – Охрид во кој се вклучени  општини од пограничните места на трите држави – Македонија, Албанија и Грција – не функционира.

Грција ја кочи можноста Македонија, а поради нас и Албанија – да стигнат до  парите од европските фондови. Седум години по изготвување на проектот, нема договор за официјално прогласување на еврорегионот. Канцеларијата на East – West институтот во Охрид, се затвори, – поради актуелниот грчко- македонски спор за името, јужниот сосед го стопира прогаслувањето на евро регионот .

Марија Дојранска – проект менаџер  на  “East – West “ институтот вели дека на годишната конфернција на асоцијации на европските региони што се одржува во срединаат ан месец октормври во Германија, Грците сакаат да одат сами без својот западен и северен сосед. За Ист Вес институтот тоа е неприфатливо.

Инаку, првично идејата за функционирање на Преспа- охрид регионот, беше поголема соработка на пограничните општини и економска поддршка на регионот.

Аница Палацо, раководителка на охридската канцеларија на германското техничко друштво за соработка потенцира дека највисоките грантови се добивале таму каде што учествувале 3-те земји,но актите за функционирање на трилатералниот регион заглавиле кај грчките институции.
Со еврорегионот  од македонска страна сега претседава  општина Струга.

Владислав Жупан, советник за локален развој вели дека напорите не смеат да паднат во вода. Тие се спремни да ја интензивираат соработката со албанската страна.
Експертите скептични – велат дека проект кој не се реализирал во првите 5 години од импелемнтирањето,е осуден на пропаст.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *