Дипсерзирани студии, дефинитивно нема!

Дисперзираните студии од Економски факултет нема да профункционираат во Струга. Студентите и нивните родители кренаа раце. Не извиси владата, велат тие.

 |  Колоска Билјана  | 
soopstenie
соопштение

Дисперзираните студии од Економски факултет нема да профункционираат во Струга. Студентите и нивните родители кренаа раце. Не извиси владата, велат тие.

roditeliВо Струга дефинитивно годинава нема да профонкционираат дисперзираните студии на Екомонски факултет. ТВМ неофицијално дознава дека  деканот на Факултетот одлучил оваа година студентите да не следат настава во Струга. Причините за тоа се  веќе познати; Немање просторни услови за одржување настава и финансиски средства за да се покријат трошоците на професорите. Поради оваа одлука, повеќе од половина од запишаните студенти останаа дома, додека другите студиите ги продолжиле на факултетот во Скопје, информираат родителите зад објективот на нашата камера.
Иако се спротиставувавме на оваа одлука сепак со нашиот став речиси немавме никаково влијание.
„Ни ветија дека следната година ќе стартуваат дисперзираните студии,  но што да правиме ние со нашите деца’- велат родителите.
Како што неофицијално дознава ТВм, веќе 15-тина студенти се отпишале од Економски факултет и сега ги чекаат назад парие што ги дадоа за упис. Дел од студентите со помош на Министерството за образование се префрлиле на други факултати во Охрид,  додека останатите  одлучиле да ги продолжат студиите на Економски факултет во Скопје.
Иако во струшката јавност струјат информации дека дисперзираните студии ќе стартуваат на средината од овој месец, сепак родителите се повеќе од сигурни дека и овој пат се работи само за лажна надеж.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top