Categories
Струга

Чаршскиот мост во Струга, на лето ќе биде сцена за одржување на културни случувања

Ова е идеа на Локлната самоуправа, со чиј проект ќе конкурира во Швајцарија. Од таму отценуваат дека со овој проект ќе привлечат  многу туристи во градот.

Ова е идеа на Локлната самоуправа, со чиј проект ќе конкурира во Швајцарија. Од таму отценуваат дека со овој проект ќе привлечат  многу туристи во градот.

Културни манифестации  во градот следната  туристичка сезона ќе се одруваат на чаршискиот мост. Ова е  идеа на  Локалната самоуправа при општина Струга. Во градот речиси сите културни случувања се одржуваат во Домот на Култура „Браќа Миладиновци“. Токму поради тоа општината  сакаат барем во текот на сезоната,  манифестациите да се оджуваат под отворено небо. Со проектот  за  уредување на летната сцена ќе конкурира во Швајцарија. Во него се предвидува  пред се,  да се декорира чаршискиот мост, а експерти ќе одлучат  каде би било најсоодветно место за  поставување на  сцената. Од Локалната самоуправа отценуваат дека со овој проект ќе привлечат  многу туристи во градот.

„Во летниот период  двете страни на кејот на реката Црн дрим се преполни со гости. За жал ние  речиси и да немаме  културна подуда за посетителите но и стружани“,  вели Џејми Хајредини, раководител на одделението за култура при општина Струга.

„Бидејќи местото кај чаршискиот мост е мирно и не  поминуваат возила, сметаме дека е идеално за нашата намера“-истакна Хајредини.

Проектот за летната сцена на чаршискиот мост ќе се работи во соработка со неколку невладини организации од Струга. Хајредини очекува дека идеата ќе биде успешна,  бидејќи како што вели, добил позитивни критики од швајцарците,   каде општина Струга треба да конкурира. Доколу им се одобрат средства за оваа намена, тој очекува проектот на биде  реализиран до пред официјалниот почеток на туристичката сезона.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *