Бројни гости во Вевчани за првомајските празници

Добро познатите излетнички места Вевчанските извори и Јанков Камен и годинава се најпримамливите и најпосетувани локалитети каде вевчанци ќе ги поминат првомајските празници. Вевчанските угостителски објекти однапред биле резервирани како што информира градоначалникот Цветомир Угриноски.

 |  Николоска Биљана  | 
izvori
извори

Вевчани за први мај исполнето со туристи но и домашни гости кои продолжениот викенд го користат за посета на ова негибнато парче природа. Местоположбата на оваа општина покрај чист планински воздух, нуди прекрасни места за излет. Едно од нив се Вевчанските извори во близина на селото, едни од најпознатите и најпосетени извори во Македонија. Луѓето кои еднаш дошле да ги видат, нивната убавина е магнет кој долго ќе ги повикува назад, да се напијат од бистрата вода, да се надишат свеж воздух и да се најдат себеси во бучавата на студената вода, како што нагласи првиот човек Цветомир Угриноски.  

izvori„Според информациите од објектите кои ги имам, за први мај сите се речиси резервирани, зборувам за рестораните. Нормално изворите се најпосетени, но и туристичкото место Јанков Камен“– нагласува Угриноски.

Градоначалникот Угриноски истакна дека посебно за првомајските празници било организирана акција за расчистување на излетничкото место викано Јанков Камен.

„Кој не бил сакам да ви кажам дека таму има десетина места за скара уредено со клупи, исто така пред две недели поставивме нови клупи и маси и кај Вевчанските Извори. Направивме и видиковец на крај од населбата за да се види Јанков Камен “ – вели градоначалникот.

Угриноски нагласи дека вевчанци се познати по своето гостопримство и по тоа што секогаш ги отвора портите за сите добронамерници. А посебно за првомајските празници кажа дека гостите можат да изберат дали ќе се релаксираат во ресторани или во прекрасната природа.

{lodposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top