Categories
Струга

Борците од Струга го одбележаа 9 Мај

Струшката боречка организација не го запостави денот на победата над фашизмот.
На денешен ден пред 63 години, падна најголемото зло што му се закануваше со уништување на човечкиот род, падна фашизмот како сила.

Струшката боречка организација не го запостави денот на победата над фашизмот.На денешен ден пред 63 години, падна најголемото зло што му се закануваше со уништување на човечкиот род, падна фашизмот како сила.

Затоа овој ден е историски, за македонскиот народ, истакна Ајредин Мемети претседателот на сојузот на борци. Актот за безусловна капитулација на Германија е потпишан на 8 мај 1945 година во 23 часот во Берлин, додека сите понатамошни активности се одвивале наредниот ден.

Во тешко извојуваната слобода на македонскиот народ, животите ги загубиле повеќе од 60 милиони луѓе. Од нив 24.000 биле Македонци а 163-ца биле Стружани. Претседателот на борците, со неколку зборови на присутните ги наврати на спомените од втората светска војна,истакнувајќ: Да се памети но да не се повтори.

По завршувањето на војната, Македонија остана во состав на тогашна Југославија како рамноправна република, се до нејзиното распаѓање во 1990 кога стана самостојна и независна држава, истакна Мемети„

Денот на победата на фашизмот, Стружани го одбележаа на пристоен начин. Делегација пред споменикот на револуцијата и со полагање на цвеќе им оддадоа почит на жртвите кои погинале во втората светска војна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *