Categories
Струга

Aмерикански филм-ноар фестивал во Струга

Од 25 до 31 август, во Центарот за култура “Браќа Миладиновци“ ќе се одржи фестивал на филмови  во црно-бела техника.

За прв пат во Струга ќе се одржи  фестивал на американскиот филм-ноар. Идеата  на Здружението за култура „Рубљов“ и Центарот за култура „ Браќа Миладиновци“ конечно ќе се реализира. По нивна  иницијатив, а а во соработка со културниот центар од Скопје „Точка“ по долго преговарање е одлучено Струга да биде домаќин на прв ваков фетивал во Македонија. Станува збор за филмски тренд кој се развивал во рамки на американскиот криминалистички  филм. Големо влијание врз ноар филмот извршиле филмските автори избегани од Германија и Австроунгарија. Токму од неколкуте автори од тоа време,  ќе се прикажуваат 21 проекција на фимови во црно-бела техника, освен два кои ќе бидат во боја. Фетивалот ќе се одвива во три циклуси насловени како: „Хемфри Богарт“, „НОАР Архетипи“ и „НОАР Хичког“.

„Фестивалот оваа година ќе се одржи во фоаето на Центарот за култура. Тоа би било како „кафе кино“ каде гледачите ќе можат да пијат пијалок и да ги следат филмовите. Ќе се прикажуваат по три проекции на ден, во 19, 21 и 23 часот.Влезот ќе биде бесплатен„ истакна  организаторот, Димитар Дурацоски.

Фестивалот започнува од 25 а ќе трае до 31 август.  Бидејќи ова е прва година како во Струга се  организира вакво културно случување, организаторите кажуваат дека токму и тоа е причината поради  која тие се одличиле за овој датум.
„Годинава малку задоцнавме но до година фестивалот ќе се оджува од дваесети до први август“- истакна  Дурацоски.

На првиот филмски фестивал ќе бидат прикажани познатите проекции; Туѓинци на воз, Погрешниот човек,  Булевар на Самракот, Вртоглавица  и други познати филмови.
Организаторите очекуваат голема посетеност од страна на љубителите на филмот од Струга и Охрид.  Велат,  оваа манифестација е  добредојдена за еден ваков туристички град. До година организаторите најавуваат  фестивалот да прерасне во врвна манифестација. Плановите се тој да се одржува под отворено небо, на летната кино бавча во склоп на Центарот за Култра  “Браќа Миладиновци“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *