Categories
Струга

Со засадување на дрво во паркот на поезијата, започнаа 47 – те по ред, „ Струшки вечери на поезијата“

Годинава со „Златниот венец“ на меѓународната манифестација ке се закити албанскиот поет, Фатос Арапи.

Годинава со „Златниот венец“ на меѓународната манифестација ке се закити албанскиот поет, Фатос Арапи.

„Мисија на поетите е да творат за ослободување на сопствениот дух“-беа зборовите со кои се обрати Арапи.

„Веста дека сум добитник на „Златен Венец“ на струшките вечери на поезијата, ме направи радосен. Ова признание го потврдува фактот дека тука во Македонија луѓето  знаат да ги почитуваат поетите и нивните творештва. Веста за наградата беше добро прифатена и во Албанија, пријателите и познаниците веднаш ми честитаа“, истакна добитникот на „Златен Венец“, Фатос Арапи на денешната прес-конференција.

Тој за себе кажа дека во текот на својот живот творел за да го промени животот и човештвото, а поезијата влијаела врз тоа. Докажано е дека литературата е посериозна од историјата, додаде Арапи. Таа го покажува светот според внатрешноста односно духот на човекот,  додека историјата  ги презентирала  фактите што се случиле во минатото, истакна лауреатот.

„Доколку се земе една збирка поезија во неа можат да се видат  многу поинакви работи отколку она што го говори историјата. Поетите низ времето го подготвувале развојот  на човештвото, тоа е случај со сите поети во светот“- истакна  Фатос Арапи- добитникот на наградата „Златен Венец“.

Тој се поистоветува со ликот на Прометеј, како борец на слободата. Додаде дека историската  мисија на поетите, е да творат за ослободување на сопствениот дух. 

„Отсекогаш водев борба со властите , но и со самиот себеси. Поетот пред се, треба да биде слободен  во сопствениот дух,  а за да биде таков, тој треба постојано да води борба, бидејќи преку неа и саможртвувањето се ослободува самиот себеси“ -истакна Арапи.

Арапи кажа  дека добро му е позната македонската литература, но жали што малку го познава  македонскиот јазик. Тој ја познава поезијата на повеќе негови колеги од Македонија и ги има преведено делата на Матеја Матески и Анте Поповски. Со еден збор истакна дека, оваа земја има големи поети.

Традиционално, годинешниот лауреат засади дрво во „Паркот на поезијата“. Дрвцето на добитникот на „Златен Венец“ е  47-мо по ред, засадено е на зелената површина во паркот.

„Струшки вечери на поезијата“ свечено се отвараат  вечерва.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *