Categories
Струга

Струшката локлна самуправа денес не работеше поради обидот за атентат на лидерот на Дуи Али Ахмети

Граѓаните сметаат дека тоа не е причина за да бидат затворени вратите на општината

Вратата од зградата на локланата самоуправа при општина Струга, денес беше затворена. Вработените албанци во администрацијата но и македонците, си заминаа од работните места, како знак на револт по вчерашните случувања по обидот за атентат на лидерот на Дуи Али Ахмети. Вработените во локлната самоуправа беа на своите работни места во 8 часот, но заеднички беше ставот дека денес треба да се соединиме и да ја напуштиме општинската зграда и воедно да прогласиме неработен ден, вели градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко.

Тој смета дека граѓаните се согласуваат со неговиот став, но стружани имаат спротивно мислење.
Поголемиот број од анкетираните велат дека овој повод не е причина за да биде затворена вратата на локлната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Струга, денес својата подршка за во иднина да нема вакви инциденти, ја даде
со неговото, но и присуството на вработените во администрацијата и други заинтересирани граѓани, на
протестот во Тетово.

Градоначалникот Мерко, за протестите во Тетово организира бесплатен превоз. Тој кажува дека граѓаните
покажале голем интерес за да присуствуваат на настанот кој го организира ДУИ.

Освен во Струга, денес по истиот повод, неработен ден беше и во општините Гостивар и Чаир со кои
стапивме во контакт а и градоначалниците се од редовите на ДУИ. Од општина Чаир не информираа,  дека и тие
организирале бесплатен превоз за граѓаните, кои сакале да бидат дел од протестите на градскиот плоштад
во Тетово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *