Categories
Струга

Стружани ќе се спасат од општинската депонија

Министерството за животна средина и просторно планирање, најавува решавање на овој проблем со изградба на регионални фабрики за рециклирање на отпадот.

Министерството за животна средина и просторно планирање, најавува решавање на овој проблем со изградба на регионални фабрики за рециклирање на отпадот. Министерството за животна средина и просторно планирање ќе го решава проблемот со струшката депонија.
Повеќе од една година, сметот во Струга се излага во струшко поле, со тоа освен што се загадува земјоделското земјиште, на мета се и граѓаните.

Државниот секретар Дејан Паноски, вели дека министерството за животна средина и просторно планирање,
веќе има донесено национална стратегија за управување со цврст отпад.

Бидејќи овој проблем ги засегнува речиси сите градови во Македонија, затоа ресорното министерство предвидува 5 до 6 регионални депонии низ целата држава, кажува Паноски.

Тој додава, дека местата каде што ќе се носи сметот, нема да бидат класични депонии, туки фабрики за рециклирање на отпадот и за производство на енергија од истиот.

Од министерството велат дека проектите за регионални депонии, ќе се реализираат наскоро. Од локалната самоуправа од Струга се надеваат дека овој пат од ресорното министерство сериозно ќе пристапат кон решавање на овој проблем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *